Стотици илјади Шкотланѓани кои живеат во странство пропуштаат еден од најважните настани кој ќе и се случи на нивната земја со генерации наназад. Како се чувствуваат тие во врска со ова?
Нешто толку значајно ќе се случи во мојата родна земја Шкотска, што за неколку дена политичката мапа може засекогаш да биде променета. Како и да гледате на референдумот за незавиосност, онака како што се зборува за него насекаде е заразно.
Но како и стотиците илјади Шкотланѓани кои живеат, работат или патуваат надвор од Велика Британија, и јас овој театар го следам како далечен и импотентен гледач, а тоа е вистинска агонија.
Родена сум во Шкотска и живеев таму точно две децении, а целото мое семејство се уште живее таму. По 16 години живот во Англија, сега живеам во Јужна Америка. Немам право на гласање, а ќе немав дури и да живеев во Англија.
Мој избор е да живеам во странство, но оваа политичко превирање распалува конфузни емоции. Се чувствувам изгубена, исплашена, фрустрирана што го пропуштам сето ова, па дури и малку виновна и носталгична за дома.
Односот на сите во егзил со нивната родна земја може да биде комплексен и исполнет со спротивности.
– Ова е нешто као поранешно момче. Може повеќе и да не го сакате, но не сакате тој да си замине или да почне нова врска на Исланд или било каде, вели 42-годишната Шерон Хал, која потекнува од Фајф.
– Во овој случај, тоа е старо момче кое можеби сакам да ми се врати, додава таа.
Откако живеела во Англија, а потоа и во Џерси, таа и нејзиниот сопруг минатиот месец тргнале кон Австралија, на едногодишно патување со своите три деца.
– Секоја вечер во кампот сум на мојот ајфон. Го читам Гардијан онлајн и потоа продолжувам да ги читам и коментарите. Но чувствувам дека сум спречена во правото и јас нешто да кажам, вели таа.
Носталгија за дома
Дваесет и седум годишниот Ендрју Авила заминал за САД од Глазгов во 2012 година и сега работи во хотелиерството. Тој вели дека од неодамна троши многу време обидувајќи се да остане во конктакт со настаните „дома“.
– Социјалните медиуми играат навистина голема улога и ме држат во тек со настаните. Во изминатите недели се повеќе се чуствувам носталгичен за дома, што е навистина чудно и невообичаено што сум го почувствувал уште откако си заминав. Дури почувствував и грутка во грлото кога пред неој ден на Фејсбук гледав едно видео. Мислам дека се чуствувам малку беспомошно, вели тој.
Тој зел слободен ден од работа следниот ден по референдумот, и ќе го следи гласањето со неговите пријатели Шкотланѓани фанови на нивниот локален фудбалски клуб, пред „да направиме забава и/или да се удавиме во солзи“.
Џејн Франсес-Кели, експерт за јавни политики од Ајл од Бати, живее низ светот уште откако заминала од дома на 17-годишна возраст. Сега работи како програмски директор во една тинктенк организација во Австралија и таа планира да се врати во Шкотска следната година затоа што, без разлика каков ќе биде резултатот, „ќе има промени и оттука фасцинантна и важна работа која треба да се прави“.
На помислата што се може да се случи, таа вели: „Мојот стомак одвреме навреме се превртува. Со пола ум сум во Шкотска, што е баш чудно со оглед на тоа што имам краен рок за предавање на ракопис за книга тука, на само една недела по референдумот“.
Модерните комуникации значат дека лесно може да биде во тек со вестите, но таа додава: „Она што чувствувам дека го пропуштам е чувството за случувањата по улиците, за собирите налик на општинските состаноци, за неизбежните дискусии во редиците во супермаркетите, да се биде таму и да се почувствува шансата и промената“.
Фантастична енергија
Како и семејството Халови, и мојот партнер и јас во моментов имаме номадски живот – долго време живееме во камперски трејлер – што не спречува да ги следиме дневните дебати на начин кој нормално би го имале. Битката со нестабилниот вај-фај во кампот и на бензинските станици не е замена за деновите дома покрај радио, и блебетењето со колегите и пријателите.
Најсличното нешто со радиото кое го слушам деновиве е кога ќе се слушнам со родителите по Скајп и слушам како се расправаат околу независноста. Првпат во нивните животи тие се сосема спротивни околу големи политички прашања – поделени по средина, исто како и државата.
Греам Мекгрегор, на 32 годишна возраст, израснал во Сент Ендрјус и сега е коорсинатор во бегалски камп за Амнести интернешенел во Австралија. Тој вели дека и неговите пријатели и родини се исто поделени.
– Има толку очигледна поделеност помеѓу луѓето кои ги познавам… но гледам ниво на клучна дебата која е екстремно добронамерна. Треба да бидам фер и да признаам дека и јас сум малку обземен од сето ова. Иако ја сакам Шкотска… националната гордност е нешто со кое тешко се справувам. Но чувствувам дека референдумот, во својата суштина, создаде фантастична енергија, имагинација, оптимизам и чувство на заедништво, кое никогаш порано не сум го видел“.
Тој ќе следи како ќе доаѓаат резултатите со колега од работа, додека неговото семејство дома ќе организира референдумска занбава.
– Се надевам дека ќе можам барем прекју Скајп да им се придружам. Не сакам да бидам изземен.
Некои тврдат дека експатриотите треба да добијат шанса да гласаат, како што е случајот со пензионираниот консултант за енрегија, 74-годишниот Алалн Барел, кој е од Инвернис, но денес живее на Филипините, и посакува да „надвладее пристојноста смиреност“ ако резултатот излезе „НЕ“.
– За нас кои сме родени во Шкотска или имаме шкотски родители, сме образовани во Шкотска… и имаме дом во Шкотска, недозволиво е да ни биде забрането да гласаме, вели тој.
Но могумина ја гледаат одлуката експатриотите во странство да бидат исклучени од гласањето како исправна, вели 30-годишниот подржувач за „ДА“, Џејми Мареј – медицинска сестра од Глазгов која работи во Дубаи.
– Посакувам да бидам таму за референдумот. Но мислам дека е исправно експатриотите да не добијат право на глас – сметам дека тоа ќе биде преседан за независна Шкотска, дека е работа на луѓето кои живеат и работат таму, наместо да добива етнички призвук“.
Историјата се менува
Она за кое сите се согласуваме е дека сите низ светот зборуваат за ова.
Кога ја минувавме бразилско-аргентинската граница минатата недела, кратко време поразговаравме со еден возбуден цариник за оваа тема.
Како и монгумина тука, и тој – бил во право или не – чувствува приврзаност кон она што ние како луѓе го сметаме за „спротивставување на колонизацијата и на опресијата“. Откако излеговме од неговата канцеларија, и од далеку го слушавме како вика „Така е, независност за Шкотска!“.
Неговата проценка за причините за референдумот се можеби преедноставени, но целата ситуација ме натера да се чувствувам неочекувано возбудена и толку одалечена од дома. Во деновите додека кампањата се разжестува, резултатите од анкетите се изедначуваат и потрагата по вести ми стана секојдневна опсесија.
Веќе испланиравме да имаме пристап до интернет или телевизија на 18 и 19 септември.
Од хотелска соба во Аргентина одалечена 10,000 километри, тивко ќе следиме како историјата се менува и – без разлика на резултатот – се менува и Шкотска која ја оставив далеку зад мене.
Би-Би-Си – Лондон