Шкотска е зафатена од силна бура, каде брзината на ветрот достигнува 180 километри на час, а железничкиот сообраќај е целосно парализиран, соопштуваат француските медиуми.
Во овој дел од Велика Британија приближно 70.000 домаќинства се останати без струја, а неколку патишта се изолирани. Сите училишта во западниот дел на островот се затворени.
Метеоролозите прогнозираат силните ветрови и поројните дождови во Шкотска да траат уште неколку дена и од тие причини се предупредува на опасност од поплави.
Во останатиот дел од Велика Британија, во Англија и Велс, се очекуваат ветрови со бризина до 120 километри на час.