Шкотска: За прв пат мнозинството за независност

Од:

Најновите анкети пред закажаниот референдум покажуваат дека за прв мнозинството граѓани на Шкотска посакуваат независност од Велика Британија.

Референдумот е закажан за 18 септември. Во најновото испитување на јавноста, кое го објави „Сандеј Тајмс“ 51 процент од испитаниците е за независност, а 49 се против, во кој спаѓаат и испитаниците кои се неодлучни.

Иако предноста за независнот од 2 проценти е во рамките на статистичка грешка, резултатите покажуваат дека значајно е зголемена шансата референдумот да биде успешен.

Сандеј Тајмс објави дека кралицата Елизабета Втора, е премногу загрижена поради референдумот за независност на Шкотска и поради тоа побарала секојдневно да биде известувана за развојот на ситуацијата. Се очекува дека владата на Дејвид Камерон ќе и понуди отстапки на Шкотска во последен момент, меѓу кои е и враќањето поголеми надлежности на Шкотите, во обид да ја сочува унијата која трае 300 години.

Изгласувањето на независнот во Шкотска, која е една третина од кралството, ќе повлече многу прашања за статусот на Велика Британија во меѓународната заедница, но и неминовно ќе предизвика притисок на јавноста за повлекување на Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски