Мнозинството Шкотланѓани одлучија, сакаат да останат во Обединетото Кралство.
На вчера спроведениот референдум, 55,42 проценти од избирачите се изјасниле за останување во Велика Британија , додека 44,58 проценти сакале независност.
Овие резултати се од податоците од 31 изборна единица од вкупно 32.
Шкотскиот премиер и лидер на кампањата за независност Алекс Салмонд го призна поразот.
„Мнозинството одлучи да не станеме незaвисни во овој момент“, изјави тој пред своите приврзаници во Единбург.
Вицепремиерката Никола Старџн уште во раните утрински часови за Би-Би-Си призна пораз и оцени: „Разочаран е секој кој беше дел од кампањата за отцепување. Но Шкотска се промени засекогаш“, изјави Старџн, која е и заменик шеф на Шкотската националистичка партија која го иницираше референдумот.
На владата на Дејвид Камерон во Лондон со тоа и‘ успеа да се одбрани успешно од тенденциите за отцепување. Камерон на Твитер рано изутринава напиша: „Разговарав со Алистер Дарлинг и ми честитав на добро водената кампања“.
„Сега е време Велика Британија да се зближи – со “избалансиран договор” кој е праведен и за Шкотска и за другите делови на Велика Британија „изјави Камерун.