Шкотска ќе дозволи склучување на хомосексуални бракови

Од:

Шкотска ќе биде првиот дел на Велика Британија, во кој ќе биде дозволено склучување на хомосексуални бракови, откако Владата во Единбург денеска соопшти дека подготвува нов Закон за бракот, во кој ќе биде внесена и оваа новина.

Во соопштението на Владата на Алекс Салмонд, лидер на шкотската Националистичка партија (СНП), се вели дека првите хомосексуални бракови на територијата на Шкотска не ќе може да се склучуват пред 2015 година, што се поклопува со времето пред одржувањето на шкотските парламентарни избори.

Политичките лидери во Шкотска, како и активистите за еднаквост и разните геј групи, ја поздравија ваквата одлука на Владата, но црквата и сите верски заедници се против вакво решение.

Католичката црква, Шкотската, протестантска црква, како и муслиманската верска заедница се против, инсистирајќи дека станува збир за „скрвнавење“ на институцијата брак.

Владата тврди дека решението е донесено по долгото и опсежно испитување на расположението на јавноста. Истражувањето што е направено покажува дека 65 отсто од луѓето се согласуваат со хомосексуалните бракови, додека 35 отсто се против.

Хомосексуалците во Шкотска сега може да ја озаконат својата врска низ институцијата граѓанско партнерство, што е дозволено и во другите делови на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски