Шкотска има праисториски воден рептил но тоа не е Неси

Од:

Танјуг – Белград

Шкотска има свој праисториски морски рептил но не се работи за Неси, митско чудовиште од Лох Нес.

Научниците соопштија дека истражиле фосилни остатоци од морскиот рептил налик на делфин на шкотскиот остров Скај. Животното живеело пред 170 милиони години и било долго 4,3 метри.

Животното наречено Dearcmhara shawcrossi припаѓа на група ихтиосаурус кои биле доминантни водени рептили во време кога диносаурусите владееле во светот. Ихтиосаурусите живееле 150 милиони години пред да исчезнат пред околу 95 милиони години. Рептилот живеел во топлите, плитки мориња во текот на Јура, хранејќи се со риба. Остатоците се нецелосни но формата на коските на предните перки покажува дека, иако со средна големина, бил исклучително силен и брз пливач, велат научниците.

– Од Шкотска тоа е прв, исклучително шкотски воден рептил, кој е откриен и проучен – наведе палеонтологот Стив Брусати од Универзитетот во Единбург во студијата објавена во весникот Journal of Geology.

– Многу други фосили на морски рептили се најдени во Шкотска, но многу од нив исчезнале во приватни колекции или се продадени. Овој примерок конечно го разбива тој циклус: го пронашол приватен колекционер кој направи одлична работа – го подари на музејот и соработуваше со научниците.

Аматерскиот ловец на фосили Брајан Шовкрос ги пронашол фосилите на плажата на островот Скај во 1959 и во 1990 година ги подарил на глазговскиот Музеј на ловот.

Животното го добило името dearcmhara по галскиот израз за воден гуштер и Шковрос на кого научниците сакаат да му оддадат признание.

Откритието на фосилот фрла ново светло на периодот Јура кој се смета за црна дупка кога станува збор за морските рептили и Шкотска е една од ретките земји која има фосили од тој период.

Другите фосили укажуваат на тоа дека водениот гуштер живеел со други водени рептили како плесиосаурус познатото митско чудовиште Неси од езерото Нес, а најчесто се опишува како плесиосаур, со долг врат и перки како весла.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска