Шкотска е подготвена да добие нови поголеми овластувања, вклучувајќи и одредување сопствени даночни стапки на приход, оцени меѓупартиската Комисија која ги разгледува плановите за дополнителна деволуција на оваа британска покраина.
– Препораките за договорот ќе резултираат со највисок пренос на овластувања на шкотскиот Парламент од неговото постоење, изјави Роберт Смит, кој претседаваше со комисијата, во која се вклулени претставници на пет политички партии. – Прламентот е ќе биде посилен, поодговорен и поавтономен, додаде Смит.
Комисијата беше формирана по ветувањата на трите најголеми партии во Велика Британија дека имаат намера да и дадат поголема автономија на Шкотска, доколку на рефендумот за независнот, кој се оддржа во септември, Шкотланѓаните гласаат против отцепување оо Обединетото Кралство.
Меѓу останатите предлози за овлстивање кои ќе му бидат препуштени на Единбург се и контролата на данокот на авиопревозот, некои исплати на социјани давачки, како и правото лицата на 16 и 17-годишна возраст да можат да гласаат на избори. Одлуката за коорпоративниото оданочување и понатаму ќе се донесува на национално ниво.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази големо задоволство за изнесените предлози.
– Ова е добар ден за Обединетото Кралство… Го одржуваме ветувањето дадено на шкотскиот народ, рече Камерон, кој е и лидер на Конзервативната партија.
Тој вети дека до Божик ќе предложи план за давање поголеми овластувања на Англија, кое е едно од клучните барања на поддржувачите на конзервативците во Англија, кои имаат забелешки поради зголемената деволуција на Шкотска.
Предлог-законот за давање поголеми овластувања на Шкотска ќе бидат подготвен до 25 јануари.
Шкотската премиерка Никола Старџон изјави дека изнесените предлози на Комисијата не пртставуваат „вистинска власт“.
– Ги подразбирам сите нови овластувања и воедно ми честитам на Лордот Смит, но 70 проценти од нашиот данок и 85 проценти од социјални давачки остануваат во Вестминстер, рече лидерката на сепаратистичката Шкотска националната партија (СНП).
На рефендумот во септември, 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа против независност на Шкотска, а 45 проценти беа за.