Шкотланѓаните се против отцепување

Од:

Големо мнозинство од населението на Шкотска се против отцепување на земјата од Велика Британија и создавање независна држава, покажува истражувањето што го направи агенцијата „Скотиш Соушал Атитјудс“ од Единбург.

Истражувањето што агенцијата го направила во периодот меѓу јули и ноември 2012 година, открива дека само 23 отсто од Шкотланѓаните се согласуваат со целосно независна Шкотска. Ова е најниската поддршка што тамошните гласачи ја даваат за отцепувањето на земјата од Обединетото Кралство од 1999 година, кога стапи во сила Законот за деволуција (префрлање на овластувањата) од Лондон на Единбург и обновувањето на работата на шкотскиот Парламент.

Според сознанијата од анкетата, 67 отсто од луѓето се согласуваат со зголемување на овластувањата за локалниот Парламент (Холируд), иако тие се поделени околу тоа колкави да бидат проширените овластувања. 35 отсто сметаат дека Парламентот во Единбург треба да има целосна контрола врз шкотските работи, додека 32 отсто верува дека локалните пратеници треба да одлучуваат за сите работи, освен за одбраната и за надворешната политика, што според нив треба и натаму да остане во должност на Лондон и на британскиот Парламент.

Британскиот министер за Шкотска, Мајкл Мор ги поздрави резултатите од оваа анкета, додека претставник на кампањата за отцепување оцени дека тие не ја отсликуваат реалната состојба, затоа што анкетата била правена пред да почне кампањата. Референдум за независност на Шкотска е закажан за октомври следната година. Шкотска и Англија се во Унија веќе 305 години.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска