Шиитските бунтовници го прифаќаат предлогот на претседател на Јемен за решавање на кризата

Од:

Претставникот на политичкото раководство на шиитските милиции, Хутите во Јемен, Мохамед ал Бухати  изјави дека предлогот на јеменскиот претседател  Абдрабух Мансур Хади за решавање на политичката криза е прифатлив, бидејќи со него се почитуваат условите по потпишувањето на спогодбата за поделба на власта во септември, јави ТАСС.

Ал Бухати изјави дека доколку властите се придржуваат кон тоа што беше договорено вчера меѓу претседателот и милициите, за три дена шиитските борци ќе ја напуштат територијата која ја зазедоа околу претседателката палата во Сана и ќе го ослободат шефот на претседателскиот кабинет, Ахмед Авад бен Мубарак.

Тој истакна дека согласно договореното се предвидува учество на претставници на шиитските милиции на Хутите и другите сили во политичкиот живот на земјата.

Во изјавата на Хади се потврдува дека проектот за новиот устав ќе биде изменет. Хутите не се согласуваат со една од одредбите во новиот устав, според која Јемен ќе се претвори во федерална држава со шест региони.

Во пристанишниот град Аден беше обновен воздушниот, копнениот и поморскиот сообраќај, кој вчера веше прекинат поради судирите во Сана изминатите денови.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“