Шидло: Декларацијата од Рим е прифатлива за сите земји

Од:

Полската премиерка Беата Шидло изјави денеска дека завршната декларација, што земјите членки на Европската унија се очекува да ја усвојат на утрешниот самит во Рим, е прифатлива за сите.

Вчера таа предупреди дека Полска можеби нема да ја потпише доколку во неа станува збор за Европа „со неколку брзини“.

– Декларацијата, што ќе биде усвоена на самитот во Рим, не е на нивото на нашите амбиции, Европа може и повеќе, но е документ што при сегашната политичка ситуација е прифатлив за сите и токму поради тоа е ценет, забележа Шидло.

– Единството на Европа е приоритет. Единството на Европа е нејзиниот неделив карактер што е присутен во таа декларациа и тоа е успех за европските дипломати, потенцираше полската премиерка.

Синоќа Шидло изјави дека ако декларацијата од Рим не содржи приоритети за полските прашања, Варшава нема да ја потпише.

Таа наброја четири приоритети: Единството на ЕУ, одбрана во тесна соработка со НАТО, поголема улога на националните Парламенти и запазувањето на принципите на заедничкиот пазар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска