Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и потпретседател на Европската комисија, Каја Калас изјави дека руските напади врз Украина покажуваат дека Кремљ нема интерес за мир.

Во раните утрински часови во саботата, руски ракети погодија цели низ Украина, при што според украинските власти загинаа најмалку 20 луѓе.

Калас на социјалната мрежа Х напиша:

„Руските проектили немилосрдно паѓаат врз Украина, носејќи повеќе смрт и уништување. Уште еднаш, Путин покажува дека нема интерес за мир“.

Таа додаде дека е неопходно да се зголеми воената помош за Украина: „Мораме да ја зголемиме нашата воена поддршка – во спротивно уште повеќе украински цивили ќе ја платат највисоката цена“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел