Шестмина загинати во хеликоптерската несреќа во Италија

Од:

Загинаа сите шест патници и членови на екипажот во хеликоптерот што се урна во централна Италија, а им припаѓаше на италијанските спасувачки служби, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата и ги собрале телата на жртвите.

Хеликоптерот се урнал во регионот меѓу општините Аквила и Кампо Феличе. Тој не учествувал ниту во спасувачка операција во затрупаниот хотел од лавината во општината Фариндола, ниту во укажувањето помош на луѓето кои настрадаа во минатонеделниот земјотрес во централна Италија.

Хеликоптерот евакуирал ранет скијач од писта и паднал од височина од 600 метри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески