Шестгодишно момче спасено под урнатините, 40 часа по земјотресот во Индонезија

Од:

Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето.

– Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникарот Аман Ријанто.

„Тој сè уште дишеше. Му благодарам на Господ што беше жив, веднаш доби медицинска помош“, рече тој.

Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца кои по училиштето посетувале часови по веронаука во џамиите, соопштија официјални лица.

Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати.

Повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе.

Повеќе од 2.300 згради и домови се оштетени во земјотресот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во близина на брегот на Индонезија

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени