Шест лица осудени за тероризам, меѓу кои и двајца ирачки терористи, Саџида ал Ришави и Зијад ал Карбули ќе бидат егзекутирани во Аман како одговор на убиството на јорданскиот пилот, јави ТАСС.
Указ за егзекуциите ќе биде потпишан вечерва од принцот Фејсал бен Хусеин, кој привремено го заменува кралот Абдула Втори, додека е во посета на САД. Кралот ја прекина посетата и е на пат за Јордан.
ИД денеска објави снимка, на која беше прикажано маж како жив гори, а групацијата тврди дека тој е јорданскиот пилот, Муас ал Касасбех, кој беше киднапиран во декември.
Јорданската Влада потврди денеска дека џихадистите од Исламска држава го убиле заробениот јордански пилот, прецизирајќи дека тоа се случило на 3 јануари.