Шест јеменски војници загинаа во конвој на министерот за одбрана

Од:

Во Јемен денеска загинаа шест војници, откако конвојот во кој се наоѓал јеменскиот министер за одбрана Мухамед Али Макдашија налетал на мина, но тој не е повреден.

Министерот за одбрана на меѓународно признатата јеменска Влада ги посетил борбените позиции во областа Сирвах, западно од градот Мариба кој е под контрола на Владата, и источно од главниот град Сана, кој го контролираат Хутите.

Шест војници загинаа, а неколкумина се повредени откако конвојот налета на експлозив, кој бил поставен на патот, изјавија владини претставници.

Во Јемен трае граѓанска војна откако Хутите, кои се поддржани од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади од Сана кон крајот на 2014 година. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше во 2015 година, со цел да го врати Хади на власт.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“