Шеријатот завладеа во Египет

Од:

Исламскиот закон – шеријатот денеска е утврден како главен извор за законодавството во Египет.

Овој принцип беше меѓу првите текстови од проектот за нов устав, за кој се гласаше денеска од специјалната уставна комисија, која одржа состанок за утврдување на конечниот текст.

Практично текстот, кој го утврдува шеријатот како основен принцип на законодавниот систем во Египет, буквално го повторува текстот од основниот закон кој беше во сила за време на управувањето на Хосни Мубарак.

Значењето на овој принцип во новиот политички и социјален систем во Египет по соборувањето на поранешниот египетски претседател е во тоа што сега на власт се наоѓа политичкото крило на организацијата „Муслимански браќа“ – Партијата за слобода и правда, која заедно со партијата Ан Нур, формирана од друга екстремно радикална исламистичка група, има мнозинство во Парламентот.

И применувањето на шеријатот може да прерасне не само во принцип, туку и во законска пракса.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски