Шефовите на државите и владите на ЕУ вечерва во Брисел за европските избори

Од:

Шефовите на државите и владите на земјите-членки на Европската унија, вечерва, на покана на претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, ќе имаат неформална вечера во зградата на Советот во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, поводот за оваа средба на првите луѓе на Унијата се последните избори за европскиот парламент и според писмото-покана на Ван Ромпуј за вечерата, како волјата на граѓаните изразена на изборите ќе се одрази на европскиот проект за идното креирање на ЕУ. Главна тема е политичкиот земјотрес што се случи со влезот на над 130 европратеници од еврофобните, евроскептични и нео-нацистички партии во Европарламентот.

– Би сакал да разговараме за резултатите од изборите и да видиме што можеме да научиме од резултатите. Сепак, многу рано ќе биде да говориме за можни имиња за иден претседател на Европската комисија, што на предлог на Советот, потоа треба да го изгласа Европарламентот. Ние ќе зборуваме за процесот што доведе до тоа Европскиот совет да предлага кандидат за иден претседавач со Комисијата, како што е утврдено во Договорот за Европската унија и во Декларацијата 11 од тој договор. Во овој контекст, важно е да се посветиме на предизвиците за Унијата пред нас, на нашите приоритети за следните години и како истите да ги постигнеме на најдобар начин – вели претседателот на советот во поканата за вечерата.

Како што е познато, фаворити за местото на Жозе Мануел Барозо на чело на Еврокомисијата се Жан-Клод Јункер, како кандидат на Европските народни партии (ЕПП), кои извојуваа победа на завчерашните европски избори. Но, со оглед на тоа што ЕПП имаат само 214 пратеници, а потребно им се 376 за мнозинство во 751-члениот Европски парламент за да владеат со законодавниот дом, се најавува можна голема коалиција со европските социјал-демократи (ПЕС). Во таква ситуација, кандидат за челник на неформалната Влада на ЕУ е и кандидатот на ПЕС, Мартин Шулц, кој, зависно од договорот, може и да добие нов мандат како претседател на Европарламентот.

Според Ван Ромпуј, чиј мандат исто така истекува летово и се очекува шефовите на државите на Владите на ЕУ-земјите да договорат и негов заменик, во последниве години, официјален Брисел работи напорно за стабилност на Еврозоната, преориентирање и реформа не економиите, развој, работни места и конкурентност. Па, во тој поглед, првите луѓе на ЕУ вечерва ќе разговараат и за главните настани на меѓународна сцена.

– Денес Европа е различна посилни од пред пет години, па затоа ние мора да продолжиме со нашата акција, заедно со другите институции, и да работиме кон создавање на посилна ЕУ, со поголем економски раст и повеќе работни места – додава Ван Ромпуј во писмото до лидерите.

На крајот од својата покана, претседателот на Европскито совет напоменува дека по претседателските избори во Украина и во пресрет на Г-7 состанокот во Брисел, природно, вечерва ќе се разменат мислења и за овие теми.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески