Шефот на ОН ги повика САД и Кина на дијалог и разбирање

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна“ и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање.

„Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии“, рече Гутереш.

Тој доадде дека тоа е рецепт за проблеми и дека ќе биде многу помалку предвидлив од Студената војна.

„За да ја вратиме довербата и да инспирираме надеж, потребна ни е соработка“, рече Гутереш на собир на светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој одлучи лично да дојде во Њујорк и покрај кризата со Ковид-19.

„Треба да разговараме, ни треба разбирање. Треба да инвестираме во спречување, одржување и консолидација на мирот. Потребен ни е напредок во нуклеарното разоружување и нашите заеднички напори за борба против тероризмот. Потребни ни се активности базирани на почитување на човековите права”.

Гутереш нагласи дека геополитичките поделби ја поткопуваат меѓународната соработка и го ограничуваат капацитетот на Советот за безбедност на ОН да ги донесе потребните одлуки.

„Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат“, рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.

Гутереш изрази жалење за експлозијата на преземање власт со сила, имплицитно мислејќи на Мјанмар, Мали, Гвинеја и Судан.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија