Шефот на „Гугл“ бара Пјонгјанг да дозволи интернет пристап во земјата

Од:

Главниот извршен директор на „Гугл“ Ерик Шмит за време на посетата на Северна Кореја го повикал Пјонгјанг да излезе од сопствената изолација и да дозволи на населението да користи интернет, бидејќи во спротивно ризикува да заостане економски.

Шмит денеска во Пекинг одржа прес-конференција, по завршување на посетата на Северна Кореја.

Шефот на „Гугл“ беше дел од делегацијата на поранешниот гувернер на американската сојузна држава Њу Мексико Бил Ричардсон, кој во Пјонгјанг беше во приватна посета и според него во хуманитарна мисија.

– Севернокорејските власти сега треба да преземат мерки за зголемување на пристапот на населението до интернет. Додека светот се посилно се поврзува, одлуката да бидат фактички изолирани во голем дел ќе влијае на нивниот материјален живот, економски раст и така натаму. За нив ќе биде потешко да напредуваат економски. Владата треба да прземе нешто. Треба да се даде можност на луѓето да користат интернет. Сега одлуката е во нивни раце. Според мене време е да почнат или ќе заостанат, нагласи Шмит.

Бил Ричардсон на прес-конференција во Пекинг потврди дека го повикал Пјонгјанг да стави мораториум на истрелувањето балистички ракети и на нуклеарните тестирања.

Ричардсон нагласи дека не успеал да договори ослободување на американскиот граѓанин со корејско потекло Кенет Беј, уапсен во Пјонгјанг во декември и обвинет за злостроства против државата. Тој нагласи дека немал можност да се сретне со него, но изразил загриженост за неговата состојба. Како одговор добил уверување дека Беј е во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски