Шеесет илјади Конгоанци пребегнаа во Уганда по бунтовнички напад

Од:

Околу 60 илјади Конгоанци пребегнаа во Уганда, откако бунтовниците го нападнаа пограничниот конгоански град Каманго, соопшти денеска Угандскиот црвен крст.

Катрин Нтабаде од Црвениот крст изјави дека организацијата веќе регистрирала 41 илјада бегалци и оти уштре 20 илјади лица ќе бидат регистрирани во таа категорија.

Бранот бегалци трае веќе три дена, откако бунтовничката групација Обединетите демократски сили го нападна Каманго во четвртокот и убија неколку лица.

Оваа групација дејствува веќе една година во џунглите на источно Конго, откако беше протерана од територијата на Уганда со воена операција. Групата е формирана на почетокот на ’90-те години од угандските муслимани, кои бараат воведување на шеријатот во Уганда.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он