Севернокорејски чамец навлезе во територијалните води на Јужна Кореја

Од:

Севернокорејски патролен чамец денеска навлезе во територијалните води на Јужна Кореја во Жолтото море, што дополниелно ги зголеми тензиите меѓу двете земји кои ескалираа откако Северна Кореја вчера лансираше ракета со голем дострел, јави Јонхап.

Според претставник на јужнокорејската аримија, севернокоејскиот патролен чамец ја преминал видливо означената поморска граница во Жолтото море и по 20 минути се вратил во територијалните води на Северна Кореја, откако јужнокорејските поморски сили испукале пет предупредувачки истрели.

Ова не е прв случај севернокорејски патролни чамеци да навлезат во територијалните води на Јужна Кореја во тој дел, имјаќи пред вид дека Пјонгпјанг смета оти поморската граница во Жолтото море се наоѓа појужно и тврди дека неговите бродови пловат низ севернокорејски води.

Денешната провокација се надоврза на вчерашното лансирање на ракетата од територијата на Северна Кореја, за која властите во Пјонгпјанг тврдат дека во Вселената однела сателит. Меѓутоа Вашинготн и Сеул сметаат дека не станува збор за лансирање на сателит во земјината орбита, туку за тестирање интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел која би можела да носи нуклеарна боена глава и да погоди цели на територијата на САД.

Кабинетот на јужнокоејската претседателка Парк Гуен-хје денеска соопшти дека Јужна Кореја е во состојба на зголемена готовност во очекување на „дополнителни провокации од страна на Северна Кореја“.

Потпаролот на Парк, Чеонг Ва-дае изјави дека јужнокорејската петседателка ги откажала сите обврски поврзани со дочекот на лунарната Нова година, поради добиените „сознанија дека Северот планира дополнителни провокации“.

По повод последните настани за денеска е закажана седница на Комитет за надворешни работи на Парламнетот на Јужна Кореја, кој треба да реши за начините на одговор на лансирањето на севернокорејската ракета, а во исто време властите во Сеул најавија и засилување на пропагандната кампања преку звучниците поставени долж границата меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он