Северноирците бараат пасоши на Република Ирска

Од:

Британските државјани од Севрна Ирска се помасовно поднесуваат барања за добивање државјанство на Република Ирска и за ирски пасош, за да може да останат државјани на ЕУ и по Брегзитот.

Во минатото, ирски пасоши замаа само северноирските католици, повеќе како знак на истакнување на нивната ирска национална припадност, но откако на референдумот за ЕУ мнозинството Британци се определија за напуштање на Унијата, се повеќе протестанти од Северна Ирска се одлучуваат на ваков чекор.

Ваквото, за Северна Ирска невообичаено однесување на припадниците на протестантската заедница, во Белфаст се објаснува со незадоволството на мнозинството Северноирци со Брегзит.

Повеќето од гласачите во оваа британска покраина на референдумот од 23 јуни минатата година се определија земјата да остане членка на ЕУ.

Тие сметаат дека Брегзит е лошо решение за вкупната политичка, безбедносна и економска ситуација на островот, како и дека ги поткопува темелите на Договорот од Велики петок од април 1998 година за траен мир во Северна Ирска.

Во основите на тој договор е припадноста во ЕУ, бришењето на границите и „физичката“ поделба на Ирците на Северот од нивните „браќа“ на Југот од островот во Република Ирска.

Слободната комуникација на луѓето, на работната сила, но и на бизнисот, што е основата на европското интегрирање, ги увери „тврдите“ републиканци и унионисти дека може да останат формално поделени, а сепак да бидат обединети и заедно, без насилството што ги одбележа „мрачните“ три децении на убиства и терор во Северна Ирска, но и на британската територија.

Сега и во Белфаст, особено меѓу католичката заедница, но и во Даблин, се стравува дека Брегзит сетоа тоа ќе го растури и дека враќањето на границата кон Северот, кој веќе нема да биде дел од ЕУ, може да го врати и насилството во покраината.

Зголеменото барање за ирски пасоши, владата на ирскиот премер Енда Кени ја следи со внимателност, но медиумите во Белфаст откриваат дека официјален Даблин испитува како да им се овозможи на сите натурализирани Ирци, вклучувајќи ги и оние од Северна Ирска, да им овозможи да гласаат на изборите во земјата.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден