Северна Кореја: Воена парада во присуство на Ким, но без ракети

Од:

Северна Кореја ја прослави 73-годишнината од нејзиното основање со ноќна воена парада, а според досегашните извештаи на државните медиуми, оваа година покрај парадата на војниците, не е забележано презентирање на нови ракетни проектили.

Врховниот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на парадата во главниот град Пјонгјанг, која започна на полноќ, а воени авиони прелетуваа над плоштадот Ким Ил-сунг во формација, објави севернокорејската агенција КЦНА.

Весникот „Родонг Шинмун“, гласило на владејачката Работничка партија, објави фотографии од луѓе со портокалова заштитна опрема со гас маски, кои ги симболизираат напорите на земјата во борбата против коронавирусот, и воени пешадиски единици како маршираат со неколку ракетни фрлачи со повеќе цевки.

Во досегашните извештаи не се споменуваат ракети, а Ким не одржа никаков говор, за разлика од минатиот октомври, кога државата одржа ноќна воена парада на која беа прикажани досега незабележани интерконтинентални балистички ракети.

По настаните во октомври минатата година, во јануари се одржа уште една ноќна воена парада, а подготовките за последната беа забележани претходно на сателитските снимки, за кои минатата недела известуваа специјализираните портали за следење на настаните во Северна Кореја – „НК Њуз“ и „38 Норт“.

Разговорите со цел да се убеди Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и арсеналите од балистички ракети, се во застој последниве години, а администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави продолжување на дипломатските напори за постигнување севернокорејска денуклеаризација, но досега не покажа подготвеност да ги почитува барањата на САД за ублажување на санкциите.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он