Северна Кореја тврди дека САД се во дострелот на нејзините нуклеарни ракети

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека територијата на САД се наоѓа во дострел на нејзиното нуклеарно оружје, со што Пјонгјанг ја продолжи со воинствената реторика по неодамнешната нуклеарна проба.

Член на Националниот комитет за мир на Северна Кореја изјавил дека „Северот сега е целосно независна држава со ракети и нуклеарно оружје“.

– САД треба да бидат свесни дека нивното копно сега е сосема во дострел на нашите стратешки ракети и нуклеарно оружје, додава севернокорејскиот официјален претставник.

Северна Кореја во октомври минатата година изнесе слични обвинувања, соопштувајќи дека поседува ракети кои можат да го погодат континенталниот дел на САД.

Иако повеќето експерти сметаат дека на Пјонгјанг му претстои долг пат до производство на доверлива интерконтинентална ракета, сепак сите се согласуваат дека декемвриската проба била чекор поблиску до таквата цел.

Нуклеарното тестирање извршено овој месец, исто така, ги поттикна стравувањата дека Северна Кореја е на добар пат да произведе минијатурна атомска бомба, која ќе може да ја стави на балистичка ракета.

По анализите на остатоците од првиот степен на ракетата од декември, јужнокорејската војска процени дека нејзиниот можен дострел е околу 10.000 километри, колку што е растојанието до западниот брег на САД.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас