Северна Кореја тврди дека бројот на случаи со „грозница“ не надминува 200 илјади дневно

Од:

Дневниот број на случаи на треска во Северна Кореја остана под 200.000 втор ден по ред, објавија државните медиуми, додека Пјонгјанг сè уште не одговора на јужнокорејските и на американските понуди да помогнат во борбата против Ковид-19.

Бранот на ширење на коронавирус објавен на 12-ти мај предизвика загриженост за недостаток на вакцини, несоодветна медицинска инфраструктура и потенцијална криза со храна во 25-те милиони луѓе во земјата.

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата рече дека Вашингтон понудил вакцини против Ковид-19 на Кина и Северна Кореја, но „не добил никаков одговор“.

Северна Кореја пријави 167.650 нови пациенти со треска денеска, а уште едно лице почина. Повеќе од 2,33 милиони од 2,81 милиони пријавени случаи од крајот на април закрепнале во неделата навечер, објави севернокорејската државна новинска агенција. Официјалната бројка на починати е 68.

Додека молчеше за понудата за помош, Северна Кореја се пофали со „поволен пресврт“ во ситуацијата со вирусот во земјата.

Властите дистрибуираа храна и лекови низ целата земја, а воени лекари беа распоредени да помогнат во дистрибуцијата на медикаменти и спроведувањето на прегледи. Беше објавено и дека фармацевтските фабрики го „забрзуваат производството“, но без објаснување кои лекови се произведуваат.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он