Северна Кореја повторно истрела балистички ракети

Од:

Северна Кореја истрела балистички ракети кон исток, објави утринава јужнокорејска новинска агенција, пренесуваат агенциите.

Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети.

– Се верува дека балистичките ракети паднале во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров. Повторните лансирања и низата акции на Северна Кореја го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница, изјави Масахиса Мијазаки, поранешен јапонски министер за одбрана.

Ова е седмо лансирање балистички ракети од страна на Северна Кореја годинава и четврто месецов.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела неколку балистички ракети кон морето

А1он

Ким Џонг Ун го претстави моќниот разурнувач „Канг Кон“

А1он

„Разговор со Трамп? Не ми е познато“ – сестрата на Ким Џонг Ун негира дека тој комуницирал со американскиот претседател

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна Кореја

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја