Северна Кореја подготвена и за нуклеарна војна

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави денеска дека неговата земја е подготвена да се бори во секаква војна, па и нуклеарна.

Воздухопловните сили и морнарицата на Северна Кореја вежбаа ненадеен напад на носач на авион од замислен непријател, пренесе агенцијата ТАСС.

„Силите на севернокорејската војска изведоа „интензивни воени вежби во кои се обидоа да уништат имагинарна група носачи на авион на агресивните сили на американските империјалисти“, се наведува во соопштението кое го објави севернокорејската агенција КЦНА.

– Можноста американски носач на авиони да биде потопен на дното на морето е многу веројатна, истакна Ким за време на вежбите, кои ги надгледуваше во придружба на голем број севернокорејски воени команданти.

Тој рече дека не доаѓа предвид да седат додека покрај нив „бесни кучиња лаат дека ќе го урнат севернокорејскиот режим со тоа што ќе воведат промени во социјалистичкиот режим, кој на народот му е поважен отколку сопствениот живот“.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он