Северна Кореја не е заинтересирана за нуклеарен договор

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека не е заинтересирана за постигнување на нуклеарен договор, по примерот на Иран, инсистирајќи на тоа дека земјата веќе поседува нуклеарно оружје и дека не е логично да се споредува со Иран.

По историскиот договор за иранската нуклеарна програма, со кој Иран се откажува од развој на нуклеарно оружје во замена за симнување на меѓународните санкции, властите во Пјонгјанг отфрлија секаква можност Северна Кореја да биде следна.

– Северна Кореја воопшто не е заинтересираана за преговори за еднострано замрзнување или демонтирање на своите нуклеарни постројки, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.

Нелогично е споредување на иранскиот нуклеарен договор со ситуацијата во Северна Кореја, која се соочува со постојан непријателски воени провокации и нуклеарна закана од САД, изјави портпаролот за државната агенција.

Иран и Северна Кореја се сојузници од исламската револуција во 1979 година, кога на двете држави се воведени тешки економски санкции, поради нивните контроверзни нуклеарни програми.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он