Северна Кореја ќе им суди на двајцата приведени американски туристи

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека ќе им суди на двајцата приведени американски туристи под обвинение за непријателски дејствија против  државата, пренесуваат британските медиуми.

-Нивните непријателски дејствија беа потврдени со докази и со нивните признанија, се посочува во соопштението на севернокорејската државна агенција, која не дава детали за природата на криминалот што го сториле.

Џефри Фоул и Метју Милер беа уапсени во април, откако влегле во земјата како туристи.

Христијанскиот мисионер Кенет Бе, исто така американски државјанин, кој беше уапсен во ноември 2012 година, минатата година беше осуден на 15 години затвор.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он