Северна Кореја истрела уште две балистички ракети кон Јапонското Море

Од:

Северна Кореја денеска истрела уште две балистички ракети со краток дострел кон Јапонското Море, јавија јужнокорејските медиуми.

Пјонгјанг претходно, на помалку од еден час пред пристигнувањето на папата Франциско во Јужна Кореја, лансираше три други ракети со краток дострел кон Јапонското Море.

Сите ракетите се истрелани од полигонот Вонсанг, на источното крајбрежје и прелетале околу 220 километри, соопштија јужнокорејските воени власти.

Пјонгјанг спроведува тестирање на модернизираниот ракетен систем Кеј Ен 90 со калибар од 300 милиметри, модифициран за истрелување ракети со краток дострел. Северна Кореја оваа година 17 пати тестираше такви ракети.

Папата Франциско се очекува во Сеул да одржи говор, со кој ќе повика за помирување на Северна и Јужна Кореја. На 18 август тој во Сеул ќе отслужи миса за мир на поделениот Корејски Полуостров.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он