Северна Кореја ги обвини САД дека ја користат нејзината нукеларна програма како алиби

Од:

Северна Кореја синоќа ги обвини САД дека ја користат нуклеарната програма на Пјонгјанг како изговор, за да го прикријат сопственото противење на забраната за нуклеарно оружје.

Советникот на севернокорејската мисија во ОН Ни Сон Чхол изјави дека САД ја натерале неговата земја да создаде и да поседува нуклеарно оружје, за да се заштити од секаква американска агресија.

Чхол истакна дека САД биле првата земја што користела нуклеарно оружје – против Јапонија во Втората светска војна, и продолжува да го употребува за да „се заканува и да бара откуп од други земји“, вклучително и од Северна Кореја.

Претставникот на Пјонгјанг ја даде оваа изјава во одговор на наводите на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, дека САД нема да учествуваат на конференцијата на ОН, што започна во понеделникот, на која ќе се изготви текст за Конвенцијата за забрана и елиминирање на нуклеарно оружје.

Останатите четири нукеларни сили – Русија, Кина, Велика Британија и Франција, исто така одбија да учествуваат, наведувајќи дека таква забрана нема да биде исполнета.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас