Северна Кореја: Ако ги зајакнете санкциите, ќе се одмаздиме

Од:

Северна Кореја предупреди дека ќе се одмазди доколку меѓународната заедница ги интензивира санкциите поради неодамнешното тестирање на оружје.

– Невнимателните акции доведуваат до тензии на Корејскиот Полуостров и го носат до ивица на војна, соопшти портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека идејата на САД со санкции да го спречат Пјонгјанг од „нуклеарно заплашување е најлуд сон“.

– Нам не ни останува ништо друго освен да преземеме неопходна противакција. Светот набрзо ќе биде сведок на чекорите што ќе ги преземе Северна Кореја за да ги осуети санкциите, посочи портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Предупредувањето уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека неговата држава е подготвена сама да го смири Пјонгјанд доколку Кине не сака да помогне.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он