Сериозна закана од Трамп: Заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“

Од:

Јеменските Хути ќе преземат итна воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа, изјави денеска лидерот на јеменската бунтовничка група Абдул Малик ал Хути.

Тој во телевизиско обраќање рече дека Хутите ќе го следат спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа и „веднаш ќе преземат воена акција доколку Американците и Израелците продолжат, врз основа на заканата на тиранот (американскиот претседател Доналд) Трамп, да го нападнат Појасот Газа во сабота или пред или потоа“, објави Ал Џезира.

„Ги повикувам вооружените сили (Хути) да бидат подготвени за воена интервенција доколку криминалецот Трамп ја исполни својата закана (да ги расели Палестинците од Газа)“, додаде тој.

Хамас, според договорот со Израел, се согласи да ослободи повеќе заложници во саботата, но оваа недела објави дека го суспендира предавањето на заложниците поради, како што рече, израелските прекршувања на условите од договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори велејќи дека сите заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или ги чека „пекол“.

Трамп рече дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски откако Палестинците ќе бидат преселени во други земји, издвојувајќи ги Јордан и Египет.

Според него, САД ќе го преземат Појасот Газа од Израел и ќе го претворат во „ривиера на Блискиот Исток“ откако ќе ги преселат Палестинците во други арапски држави.

Тој рече дека според неговиот предлог Палестинците нема да имаат право да се вратат во Газа. Египет, Јордан и други арапски нации остро се спротивставија на предлогот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хутите извршија напад со беспилотно летало врз аеродромот Наџран во Саудиска Арабија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јемен повторно во пламен: Воздушни напади врз Хутите и главниот град Сана

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп: Не сакам да убивам луѓе, влегуваме во нови преговори со Иран

ВИДЕО: Инфантино призна пораз, го повлече контроверзниот план за Светското првенство

Катерина Ѓуровски

„Америка веќе подготвува нови воени напади врз Иран овој викенд, а целта е иранскиот подземен комплекс“

Катерина Ѓуровски