Серија на мерки на француската влада за борба против тероризмот

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс најави серија на мерки за борба против тероризмот, како создавање 2.680 нови работни места и деблокирање на дополнителни 425 милиони евра кредити, јавува дописникот на МИА од Париз.

Откако минатата недела беа најавени главните мерки за борба против тероризмот, изутринава на состанокот во Елисејската палата со претседателот Франсоа Оланд, премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни работи Бернар Казенев, за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, за правда Кристиан Тобира и за надворешни работи Лоран Фабиус, денес тие беа дополнети.

Француските антитерористички служби ќе бидат засилени со дополнителни 2.680 нови работни места во текот на идните три години, притоа 425 милиони евра ќе бидат наменети за инвестирање, опремување и функционирање на службите исто така во идните три години. Кога на оваа сума ќе и се додадат и платите на функционерите, таа ќе достигне 735 милиони евра за идните три години.

– Ризикот нула не постои, наша должност е да делуваме, изјави премиерот Мануел Валс на прес-конференција. – Заканата и понатаму е многу голема. Ние треба да им ја кажеме вистината на Французите, додаде тој.

Вкупно 122.000 припадници на полицијата, жандармеријата и војската во моментов ги обезбедуваат чувствитечните објекти и јавни установи во Франција, како синагоги, еврејски училишта, џамии, муслимански училишта, јавни згради.

– Денес е потребно да се следат околу 1.300 лица, Французи или странци кои живеат во Франција, за нивната вмешаност во терористичките мрежи во Сирија и Ирак. Тоа е зголемување за 130 отсто за само една година. Кон нив треба да им се додадат и околу 400 до 500 лица од постарите мрежи кои се однесуваат на други земји, како и главните аниматори на франкофонската кибер-џихадистичка мрежа. Вкупно тоа се околу 3.000 лица за следење, нагласи францускиот премиер.

Според програмата идните три години ќе бидат создадени околу 1.400 работни места во Министерството за внатрешни работи, од кои 1.100 директно ќе бидат во службите за борба против тероризмот, односно 500 во Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ), 500 во територијалните служби за територијално разузунавање (350 полицајци и 150 жандарми) и 100 во дирекцијата за разузунување на префектурата во Париз.

Истовремено околу 950 работни места ќе бидат создадени во министертсвото за Парвда, 250 во министертсвото за одбрана и 80 во министертсвото за финансии. Сите тие ќе бидат посветени на борбата против тероризмот.

Мануел Валс зборувајќи пред новинарите прецизира дека платформата за сигнализирање на недозволени содржини на интернет со исламистичка пропаганда, од 7 јануари забележала 30 000 пријави, односно шест пати повеќе од вообичаеното.

Мануел Валс најави дека 60 милиони евра ќе бидат наменети за „превенција на радикализмот“, како и планот за 60 исламски свешетеници за затворите. Владата исто така најави дека деновиве ќе биде отворен голем инетернет сајт на кој за пошироката јавност ќе може да се информира за средствата за борба против џихадистичката пропаганда за регрутирање, посебно на најмладите.

Мануел Валс исто така посакува создавање на посебна картотека за лицата кои се осудувани за тероризам, кои ќе мораат да да ја пројавуваат нивната интернет адреса и да информираат за секое заминување во странство. Исто така листата на лични податоци за патниците во воздушниот сообраќај, слична на американската листа би требало да биде операционална во Франција во септември 2015. За неа во моментов с еводат дискусии во Европскиот парламент.

Новиот закон за тајните служби се очекува да биде претставен во март годинава, со кој треба да биде зајакнат капацитетот за делување на службите и кој треба да дозволи да се избегнат пропустите забележани во последниве случаи.

Во однос на казната за „национална недостојност“ за која се води дебата во Франција, Мануел Влас избра да добие на време и да се консултира со претседателите на Собранието и Сенатот, за да не се избрзува со ова, но сепак тој оцени дека една ваква мерка „ќе ги одбележи со симболична сила последиците на апсолутната трансгресија која ја претставува изврѓувањето на еден терористички акт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили