Серија експлозии во рускиот град Белгород, гореше складиште за муниција

Од:

Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Тој утрово информираше дека е изгасната пожарот во складиштето за оружје. Нема информации за штета.

Гладков кој објави за пожарот во складиштето претходно информираше дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка.

Русија овој месец ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород и дека гаѓала неколку села во таа покраина.

Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Лунаск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеца.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област