Сенатот усвои закон со кој САД им ја отвара вратата на имигрантите

Од:

Американскиот Сенат усвои вчера закон, со кој на милиони имигранти ширум САД ќе им биде овозможено да добијат американско државјанство.

Освен отварањето на вратата за околу 11,5 милиони имигранти, кои веќе се наоѓаат во САД, овој закон ја обврзува Владата да преземе нови чекори со цел во иднина да се спречи илегалната имиграција.

Законот е изгласан со 68 гласови „за“ и 32 „против“, што е за осум повеќе од бројот на гласовите потребни за оваа мерка да се испрати на гласање во Претставничкиот дом.

Во Претставничкиот дом поддршката за овој закон не е толку голема, како во Сенатот, имајќи предвид дека против оваа мерка се изјаснија голем број конзервативци, така што е е неизвесно дали во Долниот дом на Конгресот ќе биде потврдена.

Усвојувањето на овој закон е еден од приоритетите на внатрешната политика на претседателот на САД Барак Обама.

Законот помина во Сенатот првенствено поради заедничката работа на осуммина демократски и републикански сенатори, кои од јануари работеа на компромисниот предлог. На крајот освен 52 сенатори од редовите на демократите, законот го поддржаа и 14 републиканци, како и двајца независни сенатори.

Според новото законско решение, чија примена ќе чини околу 30 милијарди долари, предвидено е двојно зголемување на граничарите меѓу Мексико и САД и според проценките нивната бројка ќе изнесува 40 илјади.

Исто така ќе биде изградена и заштитна ограда со должина од над 1.200 километри на јужната граница, при што агентите кои ја контролираат границата ќе користат воена технологија во вид на радари и беспилотни летала, кои ќе ги надгледуваат обидите за нелегален премин.

Според проценките од 11 милиони илегални имигранти, околу 40 отсто во САД влегле со важечки визи, но останале по нивното истекување.

Предвидено е и работодавачите да проверуваат дали нивите вработени имаат легален престој во САД, а планирано е и зголемување на бројот на издадените визи за висококвалификуваните работници, кои доаѓаат од секторот на науката и технологијата. Повеќе визи, според ова законско решение ќе добиваат и градежните работници.

Претседателот на Долниот дом на Конгресот, републиканецот Џон Бејнер изјави дека овој закон ќе помине само доколку го поддржи мнозинството од конгресмените од неговата партија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски