Сенатор Рој Блант: Малку е веројатна промена на резултатот од изборите во САД

Од:

Републиканскиот сенатор Рој Блант, назначен да ја раководи инаугурацијата на претседателот на САД на 20 јануари, изјави дека е „малку веројатно“ дека ќе има промени на резултатите од гласањето на изборите во САД, што се оддржаа на 3 ноември.

Од друга страна, неговите демократски колеги бараат докази за наводите на актуелниот претседател Доналд Трамп дека изборите се фалсификувани.

Во емисијата „Оваа недела“, на телевизијата Еј-би-си, Блант синоќа изјави дека е разумно републиканците да почекаат додека изборните институции не ги објават официјаланите резултати. Тој смета дека пребројување на гласовите може да се случи во оние држави како Џорџија, каде прогласениот победник, демократот Џо Бајден, е во водство со мала разлика.

Во меѓувреме, адвокатскиот тим на Трамп, од денеска планира да поднесе повеќе тужби за нарушувања на гласањето. Претседателот се уште јавно не го признава поразот и нема намера да се среќава со Бајден во Белата куќа за примопредавање на власта, тврдејќи дека изборите се украдени.

Според американските медиуми, повикувајќи се на набљудувачи и експерти, извештаите за нарушувања на текот на гласањето и за време на последователното броење на гласовите, се мошне ретки.

Демократскиот сенатор од Делавер, Крис Кунс, пак, во истатат емисија изјави дека доколку има тврдења за изборни измами, потребно е веднааш да се достават докази за тоа.

-Ако републиканците го поддржуваат Доналд Трамп во неговото одбивање да ги прифати резултатите од изборите, претседателот треба да прикаже факти, а не само гневни твитови, порача Кунс.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска