Суд во Џакарта денеска издаде налог според кој семејството на поранешниот претседател на Индонезија, Сухарто треба да ја плати пресудената глоба од 325,1 милиони долари во рок од осум дена.
Семејството, кое управува со фондацијата „Суперсемер“, пред Врховниот суд беше обвинето дека преку фондацијата испрало најмалку четирипати поголема сума од пресудената што мора да и се врати на државата.
Портпаролот на Судот соопшти дека нема да бидат дозволени никакви адвокатски малверзации со цел да се одложи плаќањето на казната. Доколку во превидениот рок семејството Сухарто не ја плати казната, ќе им биде попишан имот, дополни тој.
Семејството на Сухарто во последните три децении на минатиот век беше некој вид симбол на корупцијата во Идонезија и пошироко. Сопругата на Сухарто, госпоѓата Тиен имала тим соработници кои грижеле ниту една инвестиција, домашна или странска, да не помине ако на сметката на првата дама не бидат обезбедени најмалку 10 отсто од вредноста на инвестицијата.
Парите собирани од ваквите „провизии“ се переле и преку семејната фондација, која треба да финансира школување на талентирани ученици и студенти.