Секунди го делеа од смрт, па го помилуваа

Од:

Во Иран во последен момент семејството на жртвата на еден осуденик на смрт спречи извршување на смртна казна со бесење.

Осуденикот Балал Абдулаху, пред седум години во едно градче на северот на Исламската Република Иран во караница со нож го убил Абдулах Хосеинзадех, кој тогаш имал 18 години.

Тој веќе практично се помирил со судбината – со црн превез на главата и јамка околу вратот чекал да умре.

Но, мајката на Абдулах тврди дека сонувала како нејзиниот син и` зборувал дека сега е на поубаво место и дека не би требало да се свети. Затоа, во склад со шеријатскиот закон, наместо да ја турне столицата под нозете на убиецот, силно го удрила и му ја тргнала јамката од вратот.

Потоа мајката му пришла на убиецот и силно го прегрнала. И двајцата заплакале.

– Пред три дена мојата жена на сон го видела нашиот најстар син кој и` рекол дека се наоѓа на добро место и дека нема смисла да се свети. Тоа, мојата сопруга ја смири и одлучивме заедно да размислиме за се` до денот за најавеното погубување, рекол таткото на жртвата Абдолгхани Хосеинзадех, кој е уверен дека Балал воопшто немал намера да го убие нивниот син.

Што ќе се случува со Балал не е јасно. Според шеријатскиот закон, семејството има право да ја поштеди жртвата од смртна казна, но тоа не значи дека остатокот од животот нема да го помине зад решетки.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел