Секој трет вработен во австралискиот Парламент бил сексуално вознемируван

Од:

Секој трет вработен во австралискиот Парламент доживеал некаква форма на сексуално вознемирување на своето работно место, се вели во извештајот финансиран од Владата, објавен денеска.

dobivaj vesti na viber

По седуммесечна истрага за „сексистичката култура“ во австралискиот Парламент, беше откриено дека сексуалното вознемирување и насилничкото однесување во Парламентот е широко распространето и се однесува и на законодавците и на другите вработени.

Вакво однесување доживеале 63 отсто од пратеничките. „Машките политичари сметаа дека е нормално да те бакнуваат во уста, да те допираат, да те тапкаат по задникот, да коментираат за изгледот, знаеш, вообичаените работи… и културата го дозволи тоа“, вели една од 1.700-те кои биле интервјуирани.

Извештајот подготви 28 предлози, вклучително и официјална изјава со која се потврдува проблемот и „проактивен фокус на безбедноста и благосостојбата“.

Извештајот беше објавен поради гневни реакции за пријавеното силување на парламентарката Британи Хигинс во кабинетот на министерот, по со колегите од Либералната партија.

Би можело да ве интересира

На фарма во Австралија убиени три лица

ВИДЕО: Се евакуираат 50 илјади луѓе, вонредна состојба во поплавените делови во Австралија

ВИДЕО: Голема поплава во Сиднеј

Ана Ололовска

Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени

Ана Ололовска

САД, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија основаа Пацифичка групација

Катерина Павлова-Николовска

Австралискиот премиер ќе присуствува на самитот на НАТО

Ана Ололовска