Секој шести бегалец во Белгија барал азил поради закани поврзани со неговиот пол

Од:

Секој шести бегалец, што добил азил во Белгија изминатата година, барал помош поради проблеми и закани поврзани со неговиот пол, објави весникот „Либр Белжик“.

Најчесто добиените статуси на азил се на жени, подложени во нивната татковина на семејно или домашно насилство, сексуална експлоатација, насилни бракови и обрежување на половите ограни. Во оваа група бегалци спаѓаат и хомосексуални мажи, кои се прогонувани во своите земји поради сексуалната ориентација.

Според статистиката на канцеларијата на генералниот белгиски комесар за стрнци и апартиди, бројот на луѓето што побарале азил е зголемен за три пати од 2007 до 2012 година. Постои значително зголемување на бројот на баратели на азил од Источна Европа, но според закон меѓу нив не може да има граѓани од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски