Секој осми човек во светот е гладен

Од:

Во новиот извештај на Организацијата на Обединетите нации за храна, Светската програма за храна и на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството се наведува дека во периодот од 2011 до 2013 година има 842 милиони хронично неухранети луѓе односно 12 проценти од светската популација.

Тоа е за пет отсто помалку во споредба со периодот од 1990 до 1992 година. Во периодот од 2010 до 2012 година во светот имало 868 милиони неухранети луѓе, а во 2009 година 1,02 милијарди.

Во извештајот се посочува дека зголемувањето на продуктивноста во земјоделството и пристапот до храна се клучни за намалување на гладот, дури и во земјите каде е раширена сиромаштијата.

– Кога тоа ќе се комбинира со социјалната заштита и другите мерки за зголемување на приходите на сиромашните семејства, за да можат да купат храна, тоа може дополнително да го поттикне руралниот развој, се истакнува во извештајот.

Најголем број неухранети луѓе – 827 милиони живеат во земјите во развој. Тие се 14,3 проценти до населението во тие држави.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он