Секој четврти муслиман во Италија смета дека Западот е виновен за нападите на џихадистите

Од:

Секој четврти муслиман во Италија смета дека Западот е виновен за џихадистичките напади, покажува истражувањето на Институтот ИПР.

Анкетата е спроведена по нарачка на Италијанската национална телевизија (РАИ). Анкетирани се само муслиманите кои имаат постојано живеалиште во Италија, чиј вкупен број е два милиони, од кои 800 илјади се италијански државјани. 

Истражувањето е спроведено една недела по нападите во Париз, при што 80 отсто од анкетираните ги осудуваат, 12 ги оправдуваат, а осум проценти немаат мислење.

Седумдесет и пет отсто од учесниците во анкетата сметаат дека терористите постапуваат лошо, 15 отсто признаваат дека извршителите на нападите грешат, но имаат разбирање кон нив, додека пет отсто ги оправдуваат нивните активности, „бидејќи треба да се води борба против западната култура“.

Помалку од половина од анкетираните посочуваат дека тоа се одделни терористи, кои немаат ништо заедничко со муслиманската вера.

Според 40 отсто од анкетираните Франција на погрешен начин реагира со тоа што презема воени дејствија, бидејќи на тој начин „само го распламтува тероризмот“.

На прашањето дали властите би ги известиле за некој терорист или негов помошник, 70 проценти одговориле потврдно. 

Дваесет и пет проценти од анкетираните не се чувствуваат интегрирани во италијанското општество.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага