Сегашниот претседател на Индонезија на идниот му остава во аманет проект вреден 340 милијарди долари

Од:

Претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудихјно, чиј мандат завршува на 23 октомври денеска во говор во Џакарта како најголем аманет што му го остава на идниот претседател Јоко Видодо го издвои пректот за комплетирање на сообраќајната инфраструктура во државата вреден 340 милијарди долари.

Според овој проект, кој сега е во првата третина од реализацијата, до 2025 година треба да се изградат поголем број аеродроми, да се модернизираат пристаништата и најголем дел од островите на архипелагот да се поврзат со мостови. Тоа треба да биде и силен столб за развој на економијата и да ја донесе индонезија меѓу десетте најголеме економски сили во светот.

Досегашните вложувања во инфраструктурата во Индонезија придонесоа оваа 260 милионска држава за три години на светскиот индекс за конкурентност омеѓу 144 држави на списокот на Светскиот економски форум од 50-то место во 2012 година, во последниот извештај се најде на 34 место. Минатата година , прв пат, БДП на Индонезија ја надмина бројката од 1.000 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски