Жива жена беше спасена од урнатините во градот Кирихан 104 часа по земјотресот во Турција, со овации и солзи радосници од сите кои беа сведоци. Германските спасувачи внимателно ја извлекоа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки од скршените блокови од бетон и искривен метал во градот Кирихан.
“Верувам во чуда сега. Можете да видите луѓе како плачат и се гушкаат еден со друг. Големо олеснување е што оваа жена беше извлечена во толку добра состојба во овие услови. Тоа е апсолутно чудо”, рече Стивен Баер, водач на Меѓународната потрага и спасувачкиот тим..
Досега е потврдено дека загинале 22.300 луѓе поради земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија. Стотици илјади други останаа без покрив над главата и без храна во мрачните зимски услови, очајни барајќи помош за да им се олеснат маките.