Седуммина украински војници загинаа во последното деноноќие

Од:

Седуммина украински војници загинале, а 23 се повредениво последните 24 часа во судири со проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, соопшти украинската армија.

– Во текот на ноќта се зголемија непријателските напади врз украински позиции, изјави воениот портпарол Анатолиј Стелмах.

Друг портпарол истакна дека владините сили од вчера биле цел на 87 напади. Борбите се посебно жестоки околу градот Дебалцево, кој е важен патен и железнички центар североисточно од Доњецк.

Владините сили забележуваат напредок во источниот дел на земјата. Доброволниот баталјон „Азов“ соопшти на социјалните мрежи дека преземал неколку села североисточно од стратешкото пристаниште Мариупољ, потиснувајќи ги сепаратистите кон руската граница.

Претставници на Украина, Русија, бунтовниците и ОБСЕ подоцна денеска ќе седнат на долгоочекуваната преговарачка маса за решавање на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он

(ВИДЕО) Проруски лидер: Ќе ги ослободиме Одеса и Чернихив, не знаеме кога

А1он

Русија и Украина ќе разменат по 60 заробени војници

А1он

Претседателот на Парламентот на т.н. ДНР најави усвојување на нов устав до крајот на годинава