Претседателот на Парламентот на т.н. ДНР најави усвојување на нов устав до крајот на годинава

Од:

Парламентот на Народниот совет на т.н. Доњецката Народна Република (ДНР) планира да усвои нов устав до крајот на тековната година, изјави денеска претседателот на парламентот на таа самопрогласена република Владимир Биѓовка.

„Планирано е во блиска иднина, до крајот на годината, да бидат завршени сите правни процеси за усвојување на новиот устав на Доњецката Народна Република како конститутивен регион на Руската Федерација”, изјави Биѓовка за Доњецка новинска агенција”, пренесува ТАСС.

По референдумот, кој цела меѓународна заедница го оцени како незаконски, одржан од 23 до 27 септември 2022 година, т.н. ДНР стана дел од Руската Федерација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците тргнаа во против напад во Курск

ВИДЕО: Разговараа шефовите на руската и на американската војска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Русите подготвуваат нова офанзива, 300 чамци чекаат за преминување на Днепар

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за едно лице за учество во руската војска