Јорданските сили за безбедност убија седум исламистички милитанти при вооружени судири со поддржувачите на Исламска држава во северниот град Ирбид, во близина на границата со Сирија, изјави денеска извор од силите за безбедност, пренесува БТА.
При судирите е убиен и еден јордански полицаец.
Операцијата на силите за безбедност во Ирбид започнала синоќа и завршила пред да се раздени, наведе изворот.
Според претставници од власта, ова е една од најголемите операции против „келиите во мирување“ на поддржувачите на тврдокорните исламистички групи во изминатите години.