Седум демонстранти настрадаа во судир со полицијата во Бангладеш

Од:

Најмалку седум лица го загубија животот, додека повеќе десетици се ранети во неколкуте одвоени судири на демонстрантите и полицијата во Бангладеш, пренесе агенцијата Анадолија.

До судир дојде во токот на протестот на члановите на коалицијата од происламистички партии, што е одржан по повод објавувањето на материјал со навредлива соддржина на Интернет страницата на невладина организација која повикува на смртна казна за лидерот на Исламското здружение во оваа земја, соопштија официјални претставници.

Според истиот извор, објавените материјали ги навредуваат исламските вредности и пророкот Мухамед.

Според последните податоци, во протестите оддржани ширум земјата животот го загубиле седум лица.

Во сузбивањето на демонстрациите припадниците на полициските сили користиле боева муниција и солзавец.

Меѓу повредените има жени и деца.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска