Се зголемува бројот на ритуални убиства на деца во Уганда

Од:

Како одговор на киднапирањата и ритуалните убиства на децата во Уганда, селата создадоа едноставен и ефектен систем за предупредување, кој оваа година спаси најмалку две деца пренесуваат агенциите.

Инаку станува збор за удирање во тапани во правилен ритам, што е знак спасувачите веднаш да тргнат во потрага, додека други со мотоцикли се обидуваат да ги блокираат сите излези од областа.

Иако проблемот со убиства на децата за ритуални цели е пријавен во неколку делови на Уганда, селото Буикве кое се наоѓа на брегот на Викториното езеро, од неодамна меѓу населението е познато како претстолнина на вештерки. . Некои врачари ги користат деловите од човечкото тело за правење напиток за успех на љубовен или бизнис план, но и за лекување на луѓе.

Во Буикве годинава се убиени осум деца, а остатоците од нивните искасапени тела се пронајдени во грмушки или на плантажи за шеќерна трска, велат локални официјални лица.

Според податоците од полицијата, ширум Уганда во 2013 година се грабнати 729 деца, што покажува дека во однос на претходната година тој број се зголемил за 39 проценти. Е. Г.

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска